Kонтроверзен гол за 2-2 на мечот Интер-Каљари, објаснето зошто играњето со рака на Лападула не е санкционирано (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер ќе мора да
го победи Милан следниот викенд доколку сака да го освои Скудетото на градското
дерби, на избраниците на Симоне Инзаги ќе им беше доволно и реми доколку синоќа
го совладаа Каљари, но гостите го иззненадија фаворитот и се изборија за реми.

Голот на Николас
Виола во 83. минута од мечот падна под контроверзни околности, Џанлука Лападула
со рака му асистираше на својот соиграч за 2-2.

Овој момент ги
подели експертите во Калчото, а поранешниот судија, Матео Трефолони објасни
зошто ВАР не се огласил.

„Сметаме дека ова
е валиден гол. Топката доаѓа одзади, не ја очекуваше, тој се движеше во простор
и не очекуваше дека топката ќе го удри во рака. Раката е во природна позиција,
се обидуваше да се ослободи од дефанзивецот, не го прави телото поголемо“

вели Трефолони, кој има функција и при Асоцијацијата на судии.

„Доколку Лападула
постигнеше гол по играњето со рака, тогаш голот ќе беше поништен, бидејќи гол
на кој му претходи контрола на топката со рака, без разлика дали имало намера
или немало, е нерегуларен“.

„Сепак, доколку случајно
играње со рака се претвори во додавање за гол, тогаш тоа не се санкционира. На
пример, нема шанси да се досуди пенал за вакво играње со рака на дефанзивец, па
фер е и за напаѓачите да се примени истото толкување“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×