Тежок пораз за Ливерпул на Енфилд, Рома го победи Милан (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул е пред елиминација од Лига Европа откако пред своите навивачи доживеа дебакл од Аталанта.

Подвигот на Аталанта го најави Скамака со гол во 38. минута, истиот фудбалер реализираше и во 60. минута за 2-0.

Победата од 3-0 за Аталанта ја завери Пашалиќ со гол на седум минути до крајот.

Победнички од гостување си оди и Рома која со 1-0 го совлада Милан на Сан Сиро. Манчини во првото полувреме беше стрелец на единствениот погодок.

Баер Леверкузен со голови на Хофман и Бонифаце во финишот од натпреварот го победи Вест Хем со 2-0.

Бенфика со 2-1 го совлада Марсеј. Рафа Силва и Ди Марија ги постигнаа головите за португалскиот тим, Обамејанг беше прецизен за гостите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×