Тен Хаг: Доминиравме, но не си ја завршивме работата!

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед вчера загуби добиен натпревар откако во луд меч на Стемфорд Бриџ беше поразен од Челси со голови во 100 и 101 минута.

„Почнавме лошо, правејќи индивидуални грешки. Но се вративме и доминиравме. Бевме во победничка позиција со многу добар фудбал и постигнување на одлични голови. Потоа во судиското продолжение потфрливме“, вели Тен Хаг.

„Треба да си ја завршите вашата работа, да донесете вистински одлуки, ние не реагиравме доволно добро да ги избегнеме ситуациите кои се случија“.

„Доминиравме, особено нашите крилни играчи беа опасни, Гарначо и Антони. Треба да носиме подобри одлуки. Покажавме дека можеме да бидеме многу опасни, но треба да знаеме кога да ја држиме топката, особено кога водите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×