177
По последниот судиски свиреж се случија инциденти на теренот кога членови на навивачката група на Хајдук, „Торцида“ влегоа на теренот и тргнаа да се пресметаат софановите на Динамо, „Бед Блу Бојс“. Полицијата интервенираше и спречи посериозни инциденти.
Нередите се префрлија и низ улиците на Сплит, а фановите на Динамо требаше да останат некое време на стадионот додека ситуацијата не се расчисти.
Додека навивачите на Динамо Загреб чекаа, Стефан Ристовски излезе од соблекувалната и им однесе шишиња со вода. Гест кој ги воодушеви фановите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.