Динамо му ја уништи сезоната на Хајдук во период од само четири дена, и откако во саботата со 0-1 славеа на „Пољуд“ во првенството, вечерва „модрите“ со истиот резултат триумфираа во Купот на Хрватска и се пласираа во финале.
Ваквиот расплет не им се допадна на домашните навивачи, па припадниците на познатата „Торцида“ влетаа на теренот, и фудбалерите панично бегаа во соблекувалната.
Најрадикалните членови се обидоа и да се пресметата со гостинските навивачи од „Бед Блу Бојс“, но полицијата реагираше и не дозволи пресметка.
Од македонските интернационалци, во стартните постави на натпреваерот беше само Стефан Ристовски кај Динамо, Аријан Адеми воопшто не беше во протоколот, а Александар Трајковски влезе за Хајдук во 64. минута. Во 81. минута тој имаше и една шанса за израмнување, но не ја искористи.
03.04.2024Hajduk Split – Dinamo Zagreb, Torcida storm pitch after game against Dinamo https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/bfNcqLArFM
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) April 3, 2024
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.