Минатото лето, Еден
Азар предвреме го раскина договорот со Реал Мадрид и на големо изненадување
реши да стави крај на кариерата и покрај тоа што имаше неколку интересни
понуди.
Фудбалерот од
Белгија сега откри за која одлука жали најмногу, и вели дека ако може да
промени една работа од минатото, тоа е операцијата на скочниот зглоб во првата
година од авантурата на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ако можам да
променам една работа од минатото, тоа дефинитивно ќе биде операцијата на
скочниот зглоб која ја направив во март 2020 година. Кога од Далас се вратив во
Мадрид, почаа карантините поради пандемијата на ковид-19. Повеќе од два месеци
бев сам дома, се опоравува од повреда без помош од физиотерапевти. Кога завршија
карантините, се вратив на терените, но мојот зглоб не беше добро заздравен. И
не само тоа, за кратко ја обновив повредата“ – вели Еден Азар.
Оваа повреда
значително го забави прилагодувањето на Еден Азар во Реал, фудбалерот потоа
никогаш не влезе во посакуваната форма и неговиот престој во Мадрид стана
кошмар.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.