Првиот пораз во годината боли многу, Атлетико го елиминираше Интер во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер беше во
страшна форма, „нероаѕурите“ имаа серија од 13 победи, но вечерва загубија за прв пат во годината, пораз кој ќе боли многу зошто значи емилинација во Лигата
на шампиони.

Димарко го донесе
Интер во предност од 0-1 на „Ванда Метрополитано“, но Атлетико веднаш се врати
и преку Гризман изедначи на 1-1.

Депај потоа ги
крена навивачите на нозе кога одлично прими топка и ја затресе мрежата за 2-1
во 87. минута од мечот и го однесе натпреварот во продолженија.

Откако додатните
30 минути поминаа во игра без многу ризик, пеналите го одлучија патникот во
четвртфинале, а таму Облак со две одбрани го предводеше Атлетико до славје и
продолжување на настапот во Лигата на шампиони.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×