Рома го понижи Брајтон, Ливерпул убедлив во Прага, Леверкузен уште е без пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома продолжи со импресивните игри под водство на Даниеле Де Роси, овојпат настрада Брајтон кој се очекуваше да пружи сериозен отпор.

Дибала и Лукаку погодија во првото полувреме за 2-0, а во вториот дел голови дадоа и Манчини и Кристанте за конечни 4-0. Во Англија треба чудо да се случи за Брајтон да помине понатаму.

Ливерпул со 5-1 го прегази тимот на Спарта Прага и реваншот во Англија ќе биде само формалност. 

Нуњез даде два гола, по еднаш погодија Мекалистер, Диаз и Собослај.

Леверкузен беше многу блиску до првиот пораз оваа сезона, но се спаси во последните минути од мечот.

Карабаг имаше водство од 2-0 по првото полувреме, но Леверкузен во вториот дел најпрво преку Вирц намали на 2-1, а во втората минута од судиското продолжение Патрик Шик погоди за конечни 2-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×