Лајпциг убедлив кај Бохум, Елмас доби половина час

by
1 минути читање

Бохум одлично го почна мечот, со гол на Витек уште во седмата минута, но Олмо во 30. минута изедначи на 1-1.

Лајпциг во 65. минута направи тројна измена, а меѓу оние кои влегоа беше и Елиф Елмас.

Работите веднаш се променија и следуваа три голови на Лајпциг, погодија Опенда и Полсен, а автогол си даде Орбетс за победа од 4-1.

Гостинска победа забележа и Борусија Дортмунд која со голови на Адејеми и Матсен со 2-0 славеше кај Унион Берлин.

Најубедлив беше Аугсбург кој со 6-0 беше подобар на гостувањето кај Дармштад, гостински триумф забележа и Ајнтрахт кај Хајденхајм со 2-1.

Единствен непоразен домаќин во Бундеслигата денеска беше Мајнц кој одигра 1-1 со Борусија Менхенгладбах.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×