Осимен во договорот со Наполи има откупна клаузула од околу 120 милиони евра која веројатно ќе биде активирана во летниот преоден рок од некој клуб.
Тој сака преселба во Премиерлигата, а се шпекулира дека за него интерес има од Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед.
„Има интерес за него. Уверен сум дека Виктор сака да дојде во Челси, јасно е дека тој сака да ги следи моите стапки и оние на нигериските фудбалери кои играа за Челси како Виктор Мозес, Селестин Бабајаро…“, вели Оби Микел.
„Исто така тој преферира трансфер во Лондон, фантастичен град кој не се споредува со Ливерпул или некои такви места“.
„За него интерес има и од ПСЖ, Манчестер јунајтед… но јас му праќам пораки, се обидувам да го убедам дека Челси е вистинскиот клуб за него“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.