Баерн Минхен влезе во криза откако во краток период нареди три порази, и постои ризик за прв пат по 12 години да има сезона без освоен трофеј.
И покрај тоа што во моментов Томас Тухел останува на тренерското столче, се шпекулира дека Баерн Минхен разгледува опции за нов кормилар.
Исто така се најавуваат големи промени во составот, се шпекулира дека само четворица играчи се недопирливи – Хари Кејн, Џамал Мусиала, Томас Милер и Мануел Нојер.
Се говори дека приоритет е ангажман на нов централен дефанзивец, позиција која е проблематична откако си замина Давид Алаба.
И покрај тоа што беа потрошени преку 150 милиони евра на нови играчи, никој не може да ги замени лидерските способности на Австриецот, Упамекано прави премногу грешки, Ким има проблеми со комуникацијата, а Де Лихт има мала доверба кај Томас Тухел.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.