Лаутаро Мартинез
во Интер се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот, минатото лето
ја доби и капитенската лента на „нероаѕурите“.
Но работите можеа
да бидат сосема поинакви, Атлетико практично го имаше договорено Лаутаро
Мартинез и лесно можеше да се случи Аргентинецот да заврши во Мадрид.
„Кога станав дел
од раководството на Расинг, се водеа преговори во напредна фаза со Атлетико. Па
му се јавив на Хавиер Занети бидејќи знаев дека и Интер го мерка Лаутаро
Мартинез“ – открива Диего Милито, кој со Интер ја освои историската тројна
круна.
„По мојот повик,
Интер реагираше експресно, Аусилио дојде во Аргентина и за кратко време го
договори трансферот“.
„Лично не го убедував Лаутаро дали да го одбере Интер или Атлетико, но мило ми е што се реши за преселба во Милано“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.