„Мбапе со мене ги гледаше сите натпревари на Евертон, Меси пак ми се смееше и се чудеше“

by
1 минути читање

Идриса Геј во
2019 го напушти Евертон и се пресели во ПСЖ во зделка вредна околу 30 милиони
фунти, но „карамелите“ му останале при срце, па редовно ги следел нивните
натпревари, понекогаш и на мобилен телефон во соблекувалната.

Тој сега открива
како ѕвездите на ПСЖ му се чуделе, а Килијан Мбапе бил еден од ретките кои му
правеле друштво.

„Мбапе знаеше да
седне и да гледа со мене, можам слободно да кажам дека ги гледаше сите натпревари. Меси не баш. Ми беше тешко бидејќи губевме (Евертон)
често, и Меси ќе дојдеше и ќе ми кажеше, „Не ме зафркавај, ги гледаш а тие
играат лошо и губат цело време…“ но, беше забавно“
– вели Сенегалецот, кој во 2022 се врати на Гудисон Парк.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×