Марка објави дека Мбапе веќе потпишал со Реал Мадрид, и ги откри деталите

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
минатата недела го извести ПСЖ дека заминува по крајот на сезоната, и иако нема
ништо официјално, речиси на сите им е јасно дека напаѓачот ќе се пресели во
Реал Мадрид.

Денешното издание
на Марка вели дека Французинот веќе потпишал со „кралевите“, станува збор за
петгодишна соработка.

Весникот додава
дека финансискиот дел е за нијанса понизок од соработката која била договорена
во 2022 година.

Килијан Мбапе
сега ќе има плата од 15-20 милиони евра нето, плус бонуси. И со вакви бројки, тој
ќе биде најплатен на „Бернабеу“.

Што се однесува
за бонусот за потпис, во 2022 била договорена сума од 130 милиони евра, но и
таа сега е корегирана.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×