Тешки денови за Баерн
Минхен и Томас Тухел, по поразите од Баер Леверкузен и Лацио, вечерва
„баварците“ доживеаја ново разочарување и загубија на гостувањето кај Бохум.
Мечот добро почна
за актуелниот шампион, Мусиала донесе предност од 0-1 во 14. минута.
Но Бохум изедначи
на 1-1 со голот на Асано во 38. минута, за во последните мигови од првиот дел
да биде направен целосен пресврт, Шлотербек донесе 2-1.
Во продолжението
од мечот Баерн влезе во дополнителни проблеми, Упамекано беше исклучен поради два жолти
картони, а Стогер од пенал реализираше за 3-1 и огромна радост на домаќините.
До крајот на
натпреварот, Кејн намали на 3-2 и ја направи интересна завршницата, но трите
бода останаа на „Воновија“ арена.
По овој пораз,
Баерн Минхен има -8 во однос на лидерот Баер Леверкузен и се чини дека
„баварците“ по 12 години ќе останат без титулата во Бундеслигата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.