Тод Боли не знае кај тера, сака во Челси да го донесе главниот скаут на Брајтон, откако им го украде претходниот пред 16 месеци

by
1 минути читање

Тод Боли по
превземањето на Челси троши како никој друг, беа инвестирани над 1 милијарда
фунти во нови играчи во само две години.

Но „сините“
играат далеку под очекувањата, па има многу прашалници за настапот на трансфер
пазарот, и тоа дали се инвестира во прави играчи и дали е платено многу повеќе
од она што е вредноста на играчите.

Последните информации
велат дека клубот од Стемфорд Бриџ ќе прави нова промена на ова поле и бил
опипан терен за ангажман на главниот скаут на Брајтон, Сем Џуел.

Интересно, „сините“
пред 16 месеци на Брајтон му го украдоа тогашниот прв скаут, Пол Винстенли.

Се шпекулира дека
Челси се решил на ваков чекор поради намерата на Манчестер јунајтед да тргне по
услугите на Сем Џуел.

„Ѓаволите“
планираат од Њукасл да го донесат техничкиот директор Ден Ешворт, а тој бара
дел од неговиот тим да стане токму Сем Џуел.

Останува да се
види како ќе заврши надмудрувањето помеѓу двата гиганти.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×