„Каталонците“ ќе
треба да ангажираат нов тренер откако Чави реши да се повлече од кормилото по
крајот на сезоната.
Изминатиов период
имаше многу шпекулации за името на неговиот наследник, а последните имформации
велат дека Томас Тухел се понудил на Барселона.
Луѓе од
придружбата на стратегот стапиле во контакт со клубот од Камп Ноу и опипале
терен за една ваква зделка.
Томас Тухел во
моментов е под голем притисок откако Баерн Минхен загуби во дербито со Баер
Леверкузен, и сега има -5 во однос на лидерот. „Баварците“ исто така на почетокот
од сезоната беа шокирани во Купот на Германија и беа елиминирани во пресметакта
со третолигашот Сарбрикен.
Баерн Минхен имаше доста проблеми и минатата сезона, кога со огромна доза на среќа ја освоија Бундеслигата во последното коло, со гол во 89. минута и тежок кикс на Борусија Дортмунд.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.