Ремек дело на Диаз за победа на Реал против РБ Лајпциг, Сити го совлада Копенхаген (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Реал Мадрид и
Манчестер Сити ги оправдаа фаворитските улоги и ќе имаат предност на реваншите.

„Кралевите“ со
0-1 го совладаа РБ Лајпциг, на стартот од второто полувреме, Брахим Диаз се
ослободи од неколку противнички играчи и прекрасно пласираше во аголот за победа.

Нашиот Елиф Елмас
шанси доби во завршницата, одигра дваесетина минути, но не успеа да помогне
неговиот тим да избегне пораз. „Биковите“ имаа неколку прилики, но Лунин не
дозволи да биде совладан.

Во Данска, Манчестер
Сити со 1-3 славеше во пресметката со Копенхаген.<Де Брајне го отвори резултатот по 10 минути игра, но домаќините стигнаа до 1-1 пе една грешка на Едерсон, Матсон реализираше за 1-1 во 34. минута.

Сепак, во последните
мигови од првиот дел, една топка дојде до Силва, кој знаеше да ја искористи
укажаната шанса и да донесе 1-2.

За следниот гол
се чекаше долго, Фоден во 92. минута ја потврди победата и ги постави конечните
1-3.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×