Елмас одбира помеѓу Белингам, Крос, Винисиус и Модриќ: Сите се навистина добри, но моето срце вели Лука

by
1 минути читање

Во пресрет на
натпреварот помеѓу РБ Лајпциг и Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на
шампиони, Елиф Елмас седна на разговор со Марка.

Македонецот беше
запрашан да избере еден од Белингам, Крос, Винисиус и Модриќ, а тој без многу
размислување го одбра Хрватот.

„Сите се
неверојатни, навистина добри, но јас сум од Балканот, одбирам со срце па ќе
речам Лука Модриќ.  Неговата историја со
Реал Мадрид и Хрватска е неверојатна. Ја освои „Златната топка“. Не велам дека
другите не се исто толку добри, но мојот фаворит е Лука. Многу значи за луѓето
од Балканот. Според мене, тој е број 1 во цела поранешна Југославија“
– вели Елиф
Елмас.

Запрашан дали има
негов дрес, тој кратко одговари: „Секако! Имам“.

Околу изборот на
играч со кого би разменил дрес вечерва, Еламс додава: „Би разменил со Белигам (нема
да игра вечерва поради повреда), со Винисиус или играчот кој мене лично многу
ми се допаѓа – Родриго. Игра како центарфор и покрај тоа што е ситен, но е
многу брз. Бега зад линиите, се воигрува, одите на двете крила и дава голови.
Нападот на Реал Мадрид е импресивен“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×