Само тој знае како се воздржа да не му „залепи“ шлаканица: Момче стави прст во задникот на Окампос (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот
натпревар од 23. коло во Ла Лига, Рајо ја пречека Севиља на „Ваљекас“, гостите
ги однесоа трите бода и славеа со 1-2.

Но мечот се најде
во фокусот на јавноста поради срамни сцени, еден млад навивач на Рајо стави
прст во задникот на гостинскиот фудбалер Лукас Окампос, додека Аргентинецот се
подготвуваше да изведе аут.

За среќа
напаѓачот на Севиља се воздржа и не направи поголем инцидент.

„Мислам дека ТВ
снимките се доволно јасни и се надевам дека Ла Лига сериозно ќе му пристапи на
инцидентот, како што тоа го прави со расизмот. Не мислам дека сите навивачи на
Рајо се вакви, секогаш покажуваат почит, но секогаш се наоѓа еднa будала“

– вели Окампос.

„Се надевам дека
нема да се случи на други места, ако нешто вакво се случи на женски фудбал,
знаеме како тоа ќе заврши“.

„Се воздржав
бидејќи имам две ќерки и се надевам дека утре нема да им се случи нешто вакво
на нив. Се надевам дека Ла Лига ќе превземе соодветни мерки за една ваква
будала да не ги оцрни останатите фанови, кои се однесуваа навистина добро“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×