Ерлинг Халанд има
постигнато гол против сите тимови од Премиерлигата против кои играл, освен на
Брентфорд, напаѓачот не успеа да ја затресе мрежата на „пчелите“ и вечерва.
Но затоа на сцена
стапи Фил Фоден, кој со хет-трик го предводеше Манчестер Сити до триумф од 1-3.
Домаќините најавија
ново изненадување, Мопе реализираше за 1-0 во 21. минута, но Брентфорд капитулираше
во последните секунди на првиот дел, одбраната лошо расчисти а Фоден изедначи
на 1-1.
Англичанецот ги
донесе „граѓаните“ во предност во 53. минута, на асистенција на Де Брајне, со
глава погоди за 1-2.
Хет-трикот беше комплетиран
во 70. минута, Халанд убаво остави една топка а Фоден по земја реализираше за
1-3.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.