Адани направи споредба на играчите и праша: Како можете да кажете дека Интер е толку супериорен во однос на Јуве?

by
1 минути читање

Во пресрет на
„Дербито на Италија“ имаше многу дебата со тоа кој е посилен, Интер или
Јувентус, или пак кој завршил подобра работа, Инзаги или Алегри?

Интер синоќа го
победи Јувентус со 1-0 и избега на +4 (плус имаат и еден заостанат натпревар),
па дебатата продолжи и по крајот на натпреварот.

Во емисијата „Доменика
Спортива“ на Раи 2, гостите имаа различни мислења, еден рече дека „Интер е
јасно посилен од Јувентус“
, друг додаде дека „Нема споредба помеѓу двата
состави“
, но со ова не се сложи Даниеле Адани.

„Интер ги донесе
Дармијан и Ачерби како засилувања пред две години, не можете да ги споредите со
Бремер и Данило“
– вели поранешниот дефанзивец.

„Во средниот ред,
Интер ги ангажираше Мхитарјан и Чалханоглу, играчи кои никој не ги сакаше, Јувентус
го има Локатели, за кого платија 40 милиони евра, и Рабио, кој играше финале на
Светско првенство со Франција“.

„Во нападот,
Интер остана без Лукаку и Џеко, а потпиша со Турам, никој не сметаше дека е на
вакво ниво. Јувентус го има Влаховиќ, за кого платија 90 милиони евра“.

„Па како може да
кажете дека Интер е толку супериорен во однос на Јувентус?“

„Да, игрите и
резултатите зборуваат друго, но тоа е само поради добрата работа“.

„Јувентус не
помина добро со Ди Марија, Де Лихт, Кулушевски. Интер носеше играчи за беспари,
играчи кои никој не ги сакаше, и ги направи да станат важна карика од тимот“.

„Момци, не го
цените доволно сработенотo“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×