Љоренте го замолкна „Бернабеу“ и во 93. минута му откина два бода на својот Реал Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Анчелти не го искористија киксот на Жирона, вечерва долго време водеа против
Атлетико, но поклекнаа во финишот кога до израз дојде недостаткот на прав
централен дефанзивец во одбраната.

Винисиус се
повреди на загревањето, Диаз доби шанса место него и токму тој го отвори
резултатот во 20. минута, убаво се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја
затресе мрежата за 1-0.

Атлетико погоди
за 1-1 на старот на вториот дел, но голот беше поништен поради офсајд.

Сепак, на Реал му
немаше спас кога во 93. минута Савиќ уфрли една топка во шеснаесетникот, Депај со
глава префрли преку себе а Љоренте ја искористи заспаноста на Карвахал и Начо и
со глава го матираше Лунин за 1-1.

Љоренте убаво се
ирадува на голот и покрај тоа што потекнува од школата на Реал и неколку години
настапуваше во првиот тим.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×