Жирона е
најпријатното изненадување во Ла Лига оваа сезона, малиот клуб од Каталонија
беше лидер на табелата до пред неколку дена.
Но синоќа им се
случи голема судиска неправда и одиграа само 0-0 против Реал Сосиедад.
Домаќините
поведоа со голот на Ерера во 24. минута, но потоа на сцена стапи ВАР со
контроверзна одлука и реши да го поништи погодокот поради офсајд на зачетокот
на акцијата.
Спорно е тоа што
офсајдот се случи 40 секунди пред да падне голот, и гостите два пати
расчистуваа, па според дадените насоки за употреба на ВАР, видео технологијата
не треба да се активира при вакви ситуации.
За маката на Жирона
да биде поголема во финишот од мечот во бележникот на судијата влегоа Ерера и
Блинд, кои поради акумулирани жолти картони, ќе бидат суспендирани следното
коло.
Црвен картон доби
и тренерот Мичел поради протести, па и тој нема да седи на клупата на следниот натпревар.
А следниот
натпревар е гостување на „Бернабеу“ и пресметка против Реал Мадрид.
Па по ваквиот
развој на настаните, цел стадион скандираше „Вака, вака, вака победува Реал
Мадрид“.
They just dissalowed this goal from Girona for an offside that happened 35 seconds before the goal, the Sociedad players cleared the ball away twice in the sequence
You can’t compete against Madrid #Florentinoleague
—(@a3avd_) February 3, 2024
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.