Барса го победи Алавес но повторно судиски драми, контроверзно исклучен Витор Роке (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Изминатиов период имаше многу критики, жалби и коментари на адреса на судиите, а сигурно истото ќе продолжи и во иднина.

Барселона вечерва со 1-3 славеше на гостувањето кај Алавес, но Чави имаше што да каже поради исклучување на Витор Роке.

Со головите на Левандовски и Гундоган, Барса имаше комфорно водство, Саму намали на 1-2, но неизвесноста траеше десетина минути, Витор Роке влезе од клупата и погоди за 1-3.

Сепак, напаѓачот за кратко време заработи два жолти картони, вториот беше особено спорен, многумина сметаат дека Бразилецот не заслужил да влезе во бележникот.

Судијата не сакаше да се корегира, ВАР не можеше да се замеша, па напаѓачот предвреме се упати во соблекувална а Чави беснееше крај аут линијата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×