Еден Азар откри зошто се појавил дебел во Реал Мадрид по трансферот вреден 150 милиони евра

by
1 минути читање

Еден Азар во 2019
го замени Челси со Реал Мадрид, „кралевите“ инвестираа 150 милиони евра сосе
бонуси за да го ангажираат офанзивниот фудбалер.

Но ѕвездата на
Белгија пристигна во Мадрид здебелен и тука почнаа проблемите кои го пратеа во
следните 4 години, кои не му дозволија да блесне и на „Сантијаго Бернабеу“.

„Со Челси ја
финиширав една од најдобрите сезони во кариерата, па си реков „Сега кога се
селам во Реал Мадрид, веројатно ова е последниот одмор кој ќе го имам…“. И тоа
лето се опуштив малку повеќе“
– вели Еден Азар.

„Седум години во
Англија без одмор на Божиќ, го давав максимумот, па кога летно време сум три-четири
недели на одмор, се опуштам, јадам скара, пијам црвено вино и сите тие работи.
Тоа ми помага да се ресетирам и да почнам од почеток“.

„Но ете, во Реал се
беше погрешно и знаете што се случи потоа“.

Еден Азар
претходно раскажа како никогаш не внимавал на диета, сакал да ужива во животот, да јаде и да пие, зошто сметал дека нема шанси да игра фудбал до 40 години.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×