Еден од најдобрите играчи на Наполи избришан од ЛШ како казна зошто беспари се сели во Интер

by
1 минути читање

Пјотр Зелински минатата
сезона беше недопирлив во средниот ред на Наполи и еден од клучните играчи во историската
сезона во која беше освоено Скудетото.

Но Полјакот сега
е во немилост на Аурелио Де Лаурентис, и беше избришан од списокот доставен до
УЕФА за продолжението од сезоната во Лигата на шампиони.

Пјотор Зелински
минатото лето одби трансфер во Саудиска Арабија, не стави ниту потпис на нов
договор, и летоска беспари ќе се пресели во Интер, се верува дека веќе си има
подадено рака со „нероаѕурите“.

Првиот човек на
Наполи смета дека е предаден, па како казна, Пјотр Зелински нема да игра против
Барселона во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека
Пјотр Зелински би можел да биде „замрзнат“ и во Серија А, односно да не одигра
ниту една минута до крајот на сезоната.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×