ФИФА сепак даде зелено светло, Бенрама се пресели во Лион, Форналс заврши во Бетис

by
1 минути читање

Лион и Бетис утрово го нападнаа Вест Хем откако доцна синоќа пропадна трансферите на Саид Бенрама, односно Пабло Форналс, документите не беа испратени на време.

„Чеканите“ се правдале дека поради компјутерска и административна грешка не биле во можност да се комплетираат зделките во предвидениот рок.

Беше доставена жалба до ФИФА, светската куќа на фудбалот реши да прогледа низ прсти и да даде зелено светло, па вечерва пристигнаа официјални потврди.

Лион соопшти дека е ангажиран Саид Бенрама на позајмица, а Бетис го потврди трансферот на Пабло Форналс.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×