Лапорта потврди дека Чави се откажал од милиони и порача: Да беше некој друг, одамна ќе му удревме клоца!

by
1 минути читање

Чави минатата
недела изненади и соопшти дека заминува од клупата на Барселона по крајот на
сезоната.

„Ме информираше
за ова кога се симнав во соблекувалната по натпреварот против Виљареал. Бев изненаден,
не го очекував ова“
– вели претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

„Го слушав
внимателно зошто се работи за искрена линост, со дигнитет и ја обожава Барса…
ми стана јасно дека добро размислил за ова, дека е под голем притисот. Сметаше
дека тоа што го предложи има логика и дека се работи за добра формула, си
поднесе оставка и предложи да остане до крајот на сезоната“.

„Се откажа од платата
од последната година од договорот“.

„Се обидов да го
убедам да остане, му кажав дека заедно ќе ги пребродиме сите пречки, ќе се
бориме… но тој веќе имаше решено, беше убеден дека ова е најдоброто за клубот
и играчите“.

„Ја прифатив оваа
формула само бидејќи тој е толку многу искрен и ја обожава Барса“.

„Во ниту еден
момент не сум помислил за отказ на Чави, но доколку се работеше за друг, одамна
ќе му удревме клоца!“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×