Жозе Мурињо пред
две недели доби отказ од Рома, но често се шпекулира дека брзо ќе најде нов
ангажман.
Се споменуваше
дека може да се пресели во Саудиска Арабија и да стане нов тренер на Ал Шабаб, потоа
се говореше дека може да го наследи Чави на кормилото на Барселона, а медиумите
од „островото“ сега пишуваат за сензационално враќање во Манчестер јунајтед.
„Неговата
амбиција е да се врати во Јунајтед. Смета дека има незавршена работа, поради
начинот на кој заврши соработката, си постави мисија еден ден да се врати таму“
– вели извор близок до Португалецот.
Исто така се
говори дека Жозе Мурињо е желен да соработува со новото раководство на „ѓаволите“,
односно со Сер Џим Ратклиф и луѓето кои ќе ги назначи најбогатиот Британец.
Жозе Мурињо во
мај 2016 потпиша со Манчестер јунајтед, и во првата сезона триумфираше во Лига
Купот и Лига Европа. Но откако во следните сезони не беше забележан
посакуваниот напредок, стратегот доби отказ во декември 2018 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.