Одлуката на Чави
да го напушти кормилото на Барселона доминираше и на прес конференцијата на
Карло Анчелоти.
Запрашан дали и
тој мисли дека работата на клупата на Реал Мадрид е сурова, Италијанецот рече: „Најпрво
сакам да кажам дека не ми се допаѓаат компарации. Ние тренерите имаме фантастична
работа, со притисок, и тоа е сосема нормално. Го почитувам сечие мислење, без
разлика дали станува збор за Чави или некој друг“.
„Но да, можам да
го разберам Чави“.
„Што се однесува
до притисокот, најмногу имав на почетокот од кариерата, во втората италијанска
лига. Тоа беа тешки моменти, имав мака да го менаџирам стресот, стигнав до
точка каде на еден од асистентите му кажав дека нема да издржам до 2000 година.
Но еве, сега сме 2024 година а јас и понатаму сум тренер“.
„Малку по малку
се навикнувате и почнувате да разбирате дека притисокот е гориво со кое подобро
си ја вршите работата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.