Пеп Гвардиола
беше запрашан за случувањата во Барселона откако Чави минатата недела соопшти
дека заминува по крајот на сезоната. Предводникот на „каталонците“ се пожали
дека не бил доволно ценет, се чувствувал безвреден без разлика што и да
направел.
„Не може да се
спореди притисокот во Шпанија и Англија“ – вели тренерот на Манчестер Сити. „Од
моето лично искуство, можам да кажам дека во Шпанија е 1.000 пати поголем. Таму
е многу потешко во споредба со тука. Тука е навистина задоволство да се работи“.
„Да, имаме многу
натпревари, по шест прес-конференции неделно, се игра на секој три дена… но притисокот
кој го имате во Барселона, не може да се спореди со ниту еден друг клуб“.
„Многу добро го разбирам
Чави“.
Запрашан што е
толку посебен Манчестер Сити, за тој да се задржи на Етихад како на ниту едно
друго место, Пеп рече: „Имам се што е еден тренер сонува. Раководството ме
поддржува, навивачите ме поддржуваат, играчите… Атмосферата околу клубот е
одлична. Имам се“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.