Јувентус носи интересно засилување во последниот ден од преодниот рок, Карлос Алкараз простигнува во Торино

by
1 минути читање

„Старата дама“
овој месец беше во потрага на фудбалер од средниот ред, се поврзуваше со
неколку имиња, а во последните денови од зимскиот преоден рок ќе направи
интересен трансфер.

Неколку извори
објавија дека во Торино ќе се пресели Карлос Алкараз, фудбалер на Саутемптон,
кој има исто име и презиме со еден од најдобрите светски тенисери.

21 годишниот
Аргентинец ќе биде ангажиран на позајмица, со опција во целост да биде купен за
35-40 милиони евра.

Карлос Алкараз му
е добро познат на спортскиот директор Кристијано Џунтоли, кој се обиде да го
донесе во Наполи пред една година. Фудбалерот во минатото беше мета и на Интер (Аргентинецот
е поранешен играч на Расинг, исто како и Лаутаро Мартинез).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×