Звучи чудно, но Арсенал по 25 години победи на гостување кај Нотингем Форест (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Артета ја завршија 2023 со два порази во низа, но ја отворија новата година со
две победи.

По убедливиот
триумф од 5-0 над Кристал Палас, Арсенал вечерва славеше со 1-2 и на
гостувањето кај Нотингем Форест.

„Топчиите“ го
имаа поседот на топката, на моменти дури и 95%, но тешко креираа шанси.
Бункерот на домаќините беше пробиен во 65. минута, Жесус од тежок агол успеа да
ја протне топката низ нозете на домашниот голман и да донесе 0-1.

Кога Нотингем
Форест се отвори малку повеќе, Сака заврши еден брз против напад за 0-2 во 72. минута
од мечот.

До финишот, Авонији
само намали на 1-2, па Арсенал по 25 години се радува на победа на гости кај
Нотингем Форест.

На останатите
денешни натпревари во Премиерлигата, Њукасл со 1-3 славеше кај Астон Вила,
Кристал Палас со 3-2 го совлада Шефилд јунајтед, а Лутон со 4-0 триумфираше
против Брајтон. На натпреварот помеѓу Фулам и Евертон немаше погодоци.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×