Во саботата, Чави
на големо изненадување соопшти дека се повлекува од клупата на Барселона по
крајот на сезоната.
Стратегот денеска
откри дека одлуката ја донел уште минатото лето, а како една од причините за
ова е тоа што смета дека не е доволно ценет.
„Без разлика што
ќе направам, што ќе кажам, имам чувство дека не сум ценет. Не е дека не можам
да се справам со притисокот, едноставно мојата работа не е доволно ценете, а
се нафатив да бидам тренер во една од најтешките ситуации во историјата на клубот“ – вели Чави.
„Стојам на тоа
што го кажав изминатиов викенд, дека работата во Барселона е сурова и
неблагодарна“.
„Прават да се
чувствувате безвредни. Разговарав и со Пеп на оваа тема, и тој ми го потврди
истото. Гледав и Луис Енрике како се мачи. Имаме проблем во овој клуб од аспект
на барањата. Не уживате во работата, како секој ден да се работи за живот или
смрт“.
Тој потоа додаде:
„Кога велам дека сме под реконструкција, ме убивате. Кога велам дека ја немаме
Барса од 2010, има многу критики. Имам чуство дека без разлика што правам, тоа
не е доволно“.
„Не поминува
ништо, не поминува тоа што минатата сезона се вративме од 14 бода негатива во однос на Реал Мадрид и ја
освоивме Ла Лига, ниту тоа што триумфиравме во Суперкупот, ниту тоа што
промовиравме неколку млади играчи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.