Јирген Клоп
минатата недела соопшти дека го напушта Енфилд по крајот на сезоната, па веднаш
почнаа да кружат гласини дека одредени фудбалери имаат прашалници за својата
иднина и можат да заминат.
Мохамед Салах, Вирџил
ван Дајк и Трент Александар Арнолд беа посочени како најкритични со оглед на
тоа дека имаат уште 18 месеци од договорите.
„Момците се заљубени
во овој клуб, го знам ова од прва рака. Не е баш така дека тие со една нога
веќе се надвор“ – порача Јирген Клоп на денешната средба со новинарите.
„Клубот подолго
време знаеше дека ќе заминам. Можеа да им ги продолжат договорите во овој
период. Но потоа ќе имаше ситуација, „Зошто никој не ни кажа дека Клоп заминува“.
Не работиме така, имаме многу добри односи“.
„Има доволно
време за сè“.
„Никој не треба
да биде загрижен. Клубот е стабилен, сè ќе биде добро, 100% сум сигурен“.
„На навивачите им
порачувам да бидам спокојни. Нема потреба за загриженост во овој момент“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.