Рома вчера играше пријателски меч против Ал Шабаб во Саудиска Арабија. Лукаку за тамошните медиуми даде изјава, во која веројатно и тој не верува.
„Во следните две години мислам дека Саудиската лига ќе стане една од најдобрите во светот, ако не и најдобра“, вели Лукаку.
„Клубовите прават големи напори да ги донесат најдобрите фудбалери тука. Тие напредуваат многу. Би можело да биде најдоброто натпреварување во светот“.
Ситуацијата на терен говори друго. Многу од фудбалерите кои отидоа во Саудиска Арабија за големи пари, сакаат да се вратат во Европа. Прв тоа го направи Хендерсон.
Самиот Лукаку пред да потпише за Рома имаше понуди од Саудиска Арабија, но ги одби.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.