Реал преку својата ТВ му врати на Чави: Целата негова кариера е сомнителна!

by
1 минути читање

Директорот на клупската телевизија на Реал Мадрид, Хесус Алсаиде, жестокот удри по Чави по неговите критики.

„Интересно е тоа што Чави критикува работи кои за него беа нормални за време на 20-годишната кариера. Барселона е под истрага дека на потпретседателот на судиската организација му платила 8 милиони евра и сето тоа во период од 20 години, колку што траеше кариерата на Чави. Тоа се над 600 натпревари и безброј освоени трофеи. Јас не судам, само спомнувам бидејќи случајот е под истрага, а Барселона е обвинета. Ова значи дека цела кариера на Чави е сомнителна. Мене повеќе ми личи дека Чави со тоа сака да ја оправда лошата сезона бидејќи Барса има седум бода помалку од Реал и се мачи со нисколигаши. Пак ќе кажам, цела кариера му е сокнителна“, рече Алсаиде.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×