Тренерот на Наполи беше бесен на повеќе судиски одлуки во текот на мечот. А неговиот гнев кулминираше кога судијата Рапуано му покажа втор жолт картон на Џовани Симеоне.
„Срам да ти е! Срамота! Го уништи натпреварот“, довикуваше Мацари од клупата.
Кога Мартинез го постигна победничкиот гол за Интер во 91. минута, Мацари веднаш влезе во соблекувалната и не се појави на церемонијата за доделување на медалите.
И остатокот од стручниот штаб не се појави, го следеа Мацари, излегоа само фудбалерите на Наполи да си ги земат сребрените медали.
Но, ова не првпат Мацари да бојкотира доделување на медали. Истото се случи и во 2012 година кога Наполи загуби во Суперкупот од Јувентус.
Тогаш Мацари, но и сите во Наполи вклучувајќи ги и фудбалерите не се појавија на доделувањето на медалите, на церемонијата беше само Јувентус.
И тогаш Наполи обвинуваше за контроверзни судиски одлуки кои биле донесени на нивна штета.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.