Лазар Самарџиќ минатото лето беше пред потпис во Интер, дојде во Милано, ги комплетираше редовните лекарски прегледи но зделката му пропадна во 5 до 12, неговиот татко побара повеќе пари.
Овој месец, Србинот се најавуваше како ново засилување на Наполи, но и тука запнаа преговорите со таткото на фудбалерот, па тоа отвори простор и Јувентус да достави понуда.
Последните шпекулации велат дека преговори отворил и Милан, информациите пристигнуваат откако во саботата, Лазар Самарџиќ ја затресе мрежата на „росонерите“.
Новинарот Клаудио Раимонди објави дека токму натпреварот Удинезе-Милан бил искористен за да се опипа терен за трансфер по крајот на сезоната.
Милан сака парите од продажбата на Де Кетеларе во Аталанта (23 милиони евра плус бонуси) да бидат искористени за ангажман на Србинот.
За трансфер на Лазар Самарџиќ притискал и Златан Ибрахимовиќ, кој се врати во Милан како сопственик на сопственикот Гери Кардинале.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.