Цел свет зборува за голем скандал, а во Реал Мадрид велат: Конечно малку правда!

by
1 минути читање

Реал Мадрид
синоќа со голем пресврт во второто полувреме стигна до триумф од 3-2 над
Алмерија, но речиси сите зборуваат за голем скандал откако имаше три контроверзни
моменти.

Домаќините се
вратија во игра со помош на пенал кој беше досуден со ВАР, потоа ВАР поништи
гол на Алмерија за 3-1, а видео технологијата се замеша и по трет пат, кога го
викна судијата за да го потврди голот на Винисиус, кој во прв момент не беше
признат поради играње со рака.

И додека од сите
страни пристигнуваат критики, особено за првата одлука, која никако не требаше
да биде пенал, ТВ каналот на Реал Мадрид им честиташе на
ВАР судијата Ернандез Ернандез и главниот
судија Ернандез Маесо.

ТВ каналот на
„кралевите“ редовно прави емисии во кои се анализираат судиските одлуки и
редовно се жалат дека се оштетени, или дека им била нанесена неправда.

Но сега,
кога цел свет зборува за голем скандал, презентерите објаснуваа како ВАР
конечно си ја завршил исправно работата и спречил нов грабеж на штета на Реал
Мадрид.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×