365
По победата на Барселона на гостувањето кај Бетис, Чави беше прашан и за коментар на судењето на мечот меѓу Реал Мадрид и Алмерија.
„Судењето на мечот на Реал Мадрид? Ако кажам што мислам, ќе ме санкционираат, но сите го видоа тоа“, вели Чави.
„Веќе реков во Хетафе дека има работи кои јас не ги разбирам. Има работи кои ние не ги контролираме и сите можат да го видат тоа“.
„Се сеќавам во Хетафе на пеналот, на голот на Жоао во Гранада… и нема зборување за тоа. Ќе имавме шест бода повеќе. Тоа не е изговор, тоа е реалност“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.