Анчелоти: Ги разбирам реакциите на Алмерија, но одлуките на судијата беа правилни!

by
1 минути читање

Реал Мадрид со голем пресврт ја совлада Алмерија, а победничкиот гол за 3-2 беше постигнат во 99. минута.

ВАР неколкупати интервенираше во текот на мечот, а одлуките кои одеа во полза на Реал Мадрид ги фрустрираа луѓето од Алмерија. Тренерот доби и црвен картон.

Анчелоти го разбира револтот на гостите, но смета дека судиите не погрешиле.

„Судиските одлуки беа точни денеска. Ги разбирам реакциите од Алмерија, но сѐ беше регуларно“, рече Анчелоти по мечот.

Со Анчелоти се согласува и Дани Карвахал, фудбалерот на Реал Мадрид одговори за реакцијата на фудбалерот на Алмерија, кој рече дека тие биле ограбени.

„Ако може да ги види смирено сите моменти, сам ќе заклучи дека одлуките беа коректни. ВАР му помага на фудбалот да биде фер“, рече Карвахал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×