Мурињо останува во Серија А, наскоро ќе има нов клуб!?

by
1 минути читање

Иако се шпекулираше дека Мурињо ќе оди во Саудиска Арабија, сепак изгледа нема да има ништо од негово заминување во Ал Шабаб.

Наводно, Мурињо сака да остане во Серија А, а следен клуб кој би можел да го води е Наполи и покрај тоа што денеска отпатува во Барселона.

Се верува дека патувањето на Португалецот во Барселона нема никаква врска со неговата тренерска иднина.

Според весникот „Тајмс“, за текот на следната недела е закажан состанок на Мурињо со Наполи за кој се верува дека може да заврши позитивно.

Наполи откако го назначи Мацари е уште полош, па сигурно би прифатил тренер како Мурињо, а Португалецот гори од желба да докаже дека отказот во Рома неправедно му беше врачен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×