Роналдо: Златната топка и Д Бест го губат кредибилитетот!

by
1 минути читање

Лео Меси ги доби последните награди, имаше дикусии дали тоа е правило или не, особено за Д Бест која се доделува за изданијата во 2023 година, а Аргентинецот немаше некои посебни бројки.

Кристијано Роналдо, главниот ривал на Лео Меси со кој одбележеаа една ера во фудбалот, не е задоволен од последните изданија на наградите.

„Златната топка и Д Бест го губат кредибилитетот. Не велам дека Меси не заслужил, или Халанд или Мбапе… но бројките се тука и бројките не се одлучувачки изгледа. Треба да ја гледате целата сезона. Бројките се факти“, вели Роналдо.

Роналдо во изминатата година постигна 54 гола за Ал Наср.

„Ако видите што се случи во Манчестер јунајтед и националниот тим, луѓето во мене гледаа дека сум изгубен. Но вистината е дека јас бев фокусиран и имав одличен период во Ал Наср, затоа постигнав 54 голови“.

„Не сум изненаден од моето ниво, знам дека можам уште многу да понудам. Знам дека можам да дадам уште многу голови за Ал Наср и националниот тим, па беше фантастично за мене да постигнам 54 голови“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×