Фановите на Рома за Мурињо: Ти нѐ бранеше против сѐ и секого, Рим не заборава! (ФОТО)

by
1 минути читање

Иако легендата на Рома, Даниеле Де Роси го презема тимот, фановите на волчицата не можат лесно да го преболат отказот на Мурињо.

Тие имаа посебен однос со португалскиот стратег, па речиси целиот вчерашен меч му го посветија нему.

Дел од пораките за Португалецот гласеа:

„Спомените немаат договори. Насмевките кои ни ги подари и сите твои залагања за Романизмот секогаш ќе бидат почитувани. Ти благодариме господине“.

„Нѐ браневте од сѐ и секого. Рим не заборава. Ви благодариме господине Жозе“.

„Единствениот што нѐ бранеше, последниот кој се предаде. Ти благодариме Жозе“.

„Малкумина од нас нѐ преставија на начинот на кој вие го направивте тоа. Секој Романиста ќе Ви биде благодарен“.

„Беше привилегија да ве имаме вас од нашата страна. Ти благодариме Жозе“.

„Моу е еден од нас“.

„Ти ја бранеше нашата Рома, ти нѐ водеше до победа. Жозе Мурињо, вечна слава“.

Во текот на мечот фановите на Рома го скандираа името на Жозе Мурињо.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×