Спектакуларен меч во Мадрид, Атлетико му се реваншираше на Реал и го исфрли од Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Минатата недела,
Атлетико Мадрид и Реал Мадрид се сретнаа во Саудиска Арабија и одиграа луди 120
минути, „кралевите“ на крајот славеа со 5-3 и се пласираа во финалето на
Суперкупот на Шпанија, кое подоцна го освоија.

Вечерва, лутите
градски ривали имаа нова пресметка, овој пат во Мадрид во Копа дел Реј.

Избраниците на
Симеоне и Анчелоти одново приредија спектал во 120 минути со многу борба, шанси
и шест погодоци.

Во регуларниот
дел, Атлетико во два наврати водеше со головите на Лино и Мората, но Реал се
враќаше со автоголот на Облак и погодокот на Хоселу.

По 100 минути
игра, Гризман ја затресе мрежата за 3-2, а во 119. минута точка на натпреварот
стави Рикелме.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×