Унионистас ја намачи Барса, но со два прекрасни соло погодоци „каталонците“ одат понатаму (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По поразот од
Реал Мадрид во финалето на Суперкупот, избраниците на Чави вечерва не дозволија
ново разочарување и триумфираа против Унионистас во Копа дел Реј.

Домаќините
стигнаа до изненадувачко водство по половина час игра, Гомез остана сам на
подалечната статива и убаво биеше за 1-0.

Пред крајот на
првиот дел, Унионистас „се залета“ при еден корнер, па се отвори контра на
спротивната страна и Ферен Торес реализираше за 1-1.

Во вториот дел,
Кунде прекрасно погоди од далечина за 1-2 во 69. минута, за мечот да биде решен
во 73. минута, Балде убаво продре и биеше силно под пречката за 1-3.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×