Агентот на Марсијал ја појасни ситуацијата на напаѓачот по написите за нов „случај Санчо“

by
1 минути читање

Медиумите од
Англија објавија за нов „случај Санчо“, Ерик тен Хаг го отстранил Антони Марсијал
од првиот тим поради тоа што не бил задоволен од фитнесот на напаѓачот.

Сепак, агентот на
Французинот ги негира ваквите написи и појасни дека неговиот клиент се мачи се
повреда, мора да прави операција.

„Нема вистина во
она што се пишуваше. Не е отстранет од првиот тим, и нема проблеми со тренерот
Ерек тен Хаг. Антони Марсијал девет сезони е во Манчестер јунајтед, и доколку
не се однесуваше професионално, сигурно немаше толку долго да се задржи во
клубот. Едноставно тој треба да замине на мала операција, која требаше да ја
направи многу порано и поради која не беше на 100%“
– вели Филип Ламболи.

Антони Марсијал
ги одработува последните шест месеци од договорот, Манчестер јунајтед не му
нуди нова соработка, па се очекува летоска беспари да го напушти Олд Трафорд.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×