Чави откри што треба да се случи за да си ги спакува куферите и да ја напушти Барселона

by
1 минути читање

„Каталонците“ не
играат на потребното ниво оваа сезона, во Ла Лига се на позицијата број четири
со -8 во однос на лидерот Џирона, а минатата недела со 4-1 го загубија финалето против Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија.

Лошите резултати
донесоа многу прашалници за иднината на Чави, ЕСПН објави дека голем дел од фудбалерите
почнуваат да се сомневаат во методите на стратегот и потезите кои ги влече.

„Го обожавам овој
клуб. Тука сум за да помогнам, и доколку не можам да го сторам тоа, ќе си одам
дома“
– вели Чави.

„Доколку минатата
сезона не ја освоевме Ла Лига, мислам дека сега немаше да бидам тука“.

„Денот кога повеќе
нема да ја имам поддршката на фудбалерите, ќе си ги спакувам куферите и ќе
заминам. Кога некој ќе ми кажа дека има проблем, ќе заминам“.

„Кога првите луѓе
на клубот дојдоа во Катар за да ме ангажираат, ми рекоа дека ова е еден од
најлошите периоди во историјата на клубот, и сега сме во процес да ги промениме
работите. Спокоен сум, до крајот на сезоната сме во игра за три титули. Поблиску
сме до успех отколку до неуспех“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×